По тој повод, владина делегација предводена од заменик-министерот за култура Владимир Лазовски ќе положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, а цвеќе ќе положи и собраниска делегација во состав Костадин Ацевски, Весна Дамчевска-Илиевска и Зеќир Рамчиловиќ.

Објавил: Весна Петровска | 23 октомври, 2019 9:02

Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

По тој повод, владина делегација предводена од заменик-министерот за култура Владимир Лазовски ќе положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, а цвеќе ќе положи и собраниска делегација во состав Костадин Ацевски, Весна Дамчевска-Илиевска и Зеќир Рамчиловиќ.

Според Законот за празници, 23 Октомври е прогласен за државен празник и е неработен ден за сите граѓани.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО) или Внатрешно македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор.

Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава

Шестмината неуморно работеа на остварување на поставените цели. Организацијата растеше и се повеќе се ширеше нејзината мрежа. Понекогаш прекината, таа одново се возобновуваше. Надежните, оние кои беа против Егзархијата и се залагаа за децентрализација на црковно-училишното дело се посветуваа и во својот реон формираа кружоци од посветени и борбени другари. Факелот на револуционерното дело го предводеа учителите, а бројот на посветени растеше. Револуционерниот оган го понесоа не само учителите и нивните ученици, туку сите прогресивни елементи меѓу слободољубивиот македонски народ. Наскоро тие станаа стотици, илјадници следбеници.

Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.

Последиците од поделбата на Организацијата, имаа тешки последици за македонскиот народ. Тоа доведе до парализирање на Македонската Револуционерна Организација во периодот на Балканските војни во 1912 и 1913 година, што пак ја овозможи поделбата на Македонија и македонскиот народ.

Но, тоа не ги спречи македонските интелектуалци во Русија, Швајцарија и други европски земји да го дигнат својот глас во текот на Првата Светска Војна против поделбата на Македонија. Тие бараат обединување на цела Македонија во една држава и создавање на самостојна и независна македонска држава. Истовремено тие бараат од сите Македонци, без разлика на верата и етничката припадност да заборават на сите поделби и да создадат единствен отпор против поделбата на Македонија која не им припаѓа ниту на Бугарија, ниту на Србите, ниту на Грците, туку само на Македонците.

Повиците за обединување ќе наидат на одзив во татковината. Напорите да се обединат политичките сили од сите делови на Македонија во единствено македонско револуционерно движење резултираат дури во 1924 година кога бил издаден Мајскиот манифест. Во него меѓу другото стои дека:

„ВМРО во својство на вистинска револуционерна сила се бори за ослободување и обединување на раскараните делови на Македонија во една наполно самостојна (независна) политичка единица во нејзините природни етнографски и географски граници. Таа смета дека политичкото постоење на Македонија може да биде гарантирано само од сојузот на самостојно определените балкански народи во форма на една Балканска Федерација, која што единствено ќе може да ги парализира анексионистичките стремежи на постојните балкански држави, да го осигура правилното решавање на сите национални спорови, да го гарантира културниот развиток на сите етнографски малцинства“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.