Царинските служби на Македонија и Србија заплениле 53 тони нафта, сместени во две цистерни кои стигнале дури до Белград, колку не биле откриени до сега и зошто

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 9:22

Македонската и српската царина заплени 53 тони нафта во Белград

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Царината на Србија, во соработка со македонски царински службеници, во белградското речно пристаниште заплени 53 тони нафта.

Српската Царинска управа информира дека увозникот пријавил оти превезува кондензат за природен гас и масло за сопирачки, со што се обидел да го оштети буџетот на Србија за 5.5 милиони динари (47.000 евра).

Нафтата била транспортирана со две цистерни од кои примерокот бил земен на преминот на македонско српската гранциа во Прешево.

Кога цистерните пристигнале во пристаништето во Белград, српските цариници во соработка со македонската царина, направиле анализа на превезуваната стока и на фактурите за стоката декларина во Македонија, кои покажале дека во камионите има нафта.

Против одговорното лице на српската фирма увозник поднесена е кривична пријава за злоупотреба и лажно претставување на стока која се транспортира со цистерни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.