Џган досега беше прикажан на повеќе од 25 филмски фестивали ширум светот

Објавил: admin@magazin | 18 јули, 2018 10:58

Македонскиот филм „Џган“ прикажан на престижниот фестивал во Пула

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот игран филм „Џган“, по сценарио и во режија на Вардан Тозија, а продуциран од Огнен Антов, беше прикажан на еден од најголемите и најпрестижните фестивали во регионот, филмскиот фестивал во Пула, Хрватска.

На 60. издание на фестивалот филмот во прекрасната Пулска Арена беше прикажан во секцијата ЏГАН како единствен селектиран филм од целиот регион, информираат продуцентите на филмот.

Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Ова е нов успех за филмот „Џган“, кој досега беше прикажан на повеќе од 25 филмски фестивали ширум светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.