Македонската борачка Андреа Нисева од БК „Олимпија“ – Штип оствари голем успех и стана шампионка во категорија У-15 на Балканското првенство во Романија, со победи над репрезентивките од Романија, Хрватска и во финалето, со победа над Косово.

Објавил: admin@magazin | 29 октомври, 2022 15:31

МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТ НИЖАТ УСПЕСИ ЗА БУГАРИЈА ПОРАДИ НЕАГИЛНОСТ НА АМС И ДИРЕКТОРОТ НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТ НИЖАТ УСПЕСИ ЗА БУГАРИЈА ПОРАДИ НЕАГИЛНОСТ НА АМС И ДИРЕКТОРОТ НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ

Македонската борачка Андреа Нисева од БК „Олимпија“ – Штип оствари голем успех и стана шампионка во категорија У-15 на Балканското првенство во Романија, со победи над репрезентивките од Романија, Хрватска и во финалето, со победа над Косово.

За жал оваа победа не ја извојува под знамето на Македонија, туку за соседна Бугарија, затоа што БК „Олимпија“ е суспендиран поради самоволието на Федерацијата.

Со оглед на тоа што нејзиниот клуб нема дозвола за натпревар на домашни првенства, автоматски Нисева нема право на настап ниту како репрезентативка на Македонија, па немајќи излез од ваквата незавидна позиција, сега таа е уште еден изгубен македонски талент кој настапува за соседна Бугарија.

За непотизмот и политизираноста во Боречка федерација и третманот кон БК „Олимпија“, веќе имавме реакција од Секторот спорт на Левица, уште во април годинава, каде опоменавме за последиците од немарноста и тоталната незаинтересираност за македонските спортисти на АМС, директорот Мојсовски, како и самоволието на челниците на Боречка федерација!

Ние повторно напоменуваме, дека Нисева не е единствен спортист кој се соочува со вакви или слични проблеми кои се пресликуваат и во другите спортски федерации во Македонија, каде најчесто причините за дискриминирање на квалитетните спортисти се „приватизирањето“ на федерациите од луѓе поврзани со теснопартиски интереси, каде постои огромен непотизам.

Јавно бараме од Федерацијата и АМС, под итно да изнајде соодветно решение за овој клуб и да ги вратиме изгубените македонски таленти под знамето на Македонија.

Партија Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.