Македонскиот државјанин прво бил киднапиран па убиен

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 14:27

Македонски државјанин убиен во Кабул

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Авганистанската полиција соопшти дека Македонски државјанин е киднапиран па убиен во главниот град на Авганистан – Кабул.

Македонскиот државјанин е убиен заедно со уште двајца странци кои работеле за меѓународна компанија за храна во Кабул.

“Индиски – малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени а ние потоа ги пронајдовме нивните тела.” – изјави денеска портпаролот на началникот на полицијата во Кабул – Хашмат Станекаи – додавајќи дека тројцата работеле во втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот Содексо.

Авганистански претставник соопшти дека нивните лични карти биле пронајдени покрај нивните тела и оти сега бараат потврда од фирмата за која работеле.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести