Идниот кандидат за претседател на државата од СДСМ и ДУИ, Денко Малески, со нови предвидувања што ново на политичката сцена донесе посетата на Меркел

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 7:02

Малески: Очекувам промена на размислувањата на ВМРО – ДПМНЕ по посетата на Меркел

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Посетата на германската канцеларка Ангела Меркел  и нејзините пораки за референдумот ќе имаат силно влијание во креирањето на јавното мислење, оценува универзитетскиот професор и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески.

Меѓународната заедница е заинтресирана за стабилен регион а Македонија да стане дел од НАТО и ЕУ. Тоа може да се реализира само со имплементација на Договорот од Преспа и решевање на 27 годишниот спор за името.

Затоа е и повикот за поголема излезност на 30 септември.

Малески очекува од ВМРО – ДПМНЕ во наредниот период да ги промени размислувањата за референдумот и да го олеснат целиот процес. Доколку опозицијата евентуално се обиде да предизвика криза и да скршне од трасата по која се движи земјата тогаш ќе се доведеме во тешка политичка систуација, вели Малески.

Но сепак се надева дека разумот ќе надвладее и ќе се постигне национално единство што впрочем го порача и Меркел.

Очекувањата се да се засили дипломатската офанзива во пресрет на раферендумот, а политичките субјекти да се залагаат за визија за мир и Балкан без граници.

Изјавите на Малески во последно време скоро и да не се коментираат во политичките кругови, иако и СДСМ и ДУИ постигнаа согласност токму Денко да конзесуалното решение за нивни претседателски кандидат на изборите за претседател на Република Македонија во 2019-та година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.