Шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли се обиде да привлече внимание на Косово во ОН, но доби "дипломатски нокаут" од премиерката на Србија, Ана Брнабиќ

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 11:10

Мал инцидент во ОН при средбата Брнабиќ – Пацоли “Кој ви дозволи да сте во ОН?”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Косовското прашање не помина незабележително ни на маргините на Генералното Собрание на ОН.

Имено при давање изјава за медиумите, на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, пред средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, и пријде министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли.

Изненадена но и диретна пред медиумите, премиерката на Србија го праша Пацоли кој му дал дозвола да е во ОН?

Секако прашањето беше политичко, затоа што Косово не е независна држава која е признаена од ОН и по автоматизам не е дел од тековното Генералното Собрание на ОН.

Пацоли изненаден од прашањето, свесен за медиумите, на српски јазик и соопшти дека тука се со нејзина дозвола.

На ова Брнабиќ се насмеа со коментарот: “Не е моја, да се прашував јас …”

Пацоли по ова изјави само дека “ова е госпоѓата која ние ја почитуваме многу” по што премиерката на Србија продолжи со изјавата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.