Маноиловски од собраниската говорница потврди дека ДУИ и СДСМ поефтино ќе ги чини да прогласат општа амнестија, отколку да откупуваат пратенички гласови за уставни измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 7:55

Маноиловски порача дека амнестијата поефтино ќе чини од откупот на пратенички гласови

Фото/Текст извор: ©макфах/магазин.мк

Пратеникот на ДУИ, Бранко Маноиловски, кој во Македонија нема поминато повеќе од 10 години од целиот свој животен век, а како пратеник на ДУИ не го знае албанскиот јазик, побара амнестија за сите.

Дајте да им дадеме амнестија, бидете практични, доста се мачеа луѓето, порача пратеникот Бранко Маноиловски од ДУИ и ја повика власта да гарантира безбедност за секој пратеник од опозицијата што ќе гласа за Догоговор со Грција.

Ова пратеникот Манојлоски го предожи на третиот ден од расправата за владиниот предлог за уставни измени според преспанскиот договор.

Задниот збор е пари. Се е економија и пари. Бидете практични, дајте им право да гласаат и стојте зад нив, и гарантирајте им иднина. Ако им дадете амнестија, така ќе биде и поевтино. И секој вмровец кој ќе гласа за договорот државата да стои зад него, ама прво да гласа и да се амнестираат сите грешници. – порача Маноиловски.

Со ова пратеникот на ДУИ, Маноиловски, јавно од собраниската говорница потврди дека се врши обид за притисок и (п)откуп на пратенички гласови од пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, со што ги потврди сите шпекулации на јавноста и новинарите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести