Индикативно е што раководителката за маркетинг и односи со јавност во Централниот регистар на Македонија, Ирена Лазарова, не знае кој се е нововработен и за која плата

Објавил: Мартин Попоски | 6 ноември, 2018 6:44

Мајката на портпаролот на СДСМ, со вработување во Централен регистар

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пред неколку дена мајката на новиот портпарол на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Костадин Костадинов, Фанија Костадинова, била вработена во Централниот регистар во Струмица.

Костадинова е вработена на позиција референт со завршено средно училиште.

За нејзиното вработување бил објавен оглас, а според огласот платата е околу 25. ооо денари.

Од Централниот регистар во Скопје за велат дека постои ново вработено лице на определено работно време како референт согласно објавен оглас, и според нив исполнети се сите законски основи кои што ги барал огласот, во случајот само средно образование и без работно искуство, за оваа позиција.

Од Централен регистар немаат информација за името и поврзаноста со новиот портпарол на СДСМ и пратеник во парламентот, Костадин Костадинов.

Вработувањата секако се одвиваат согласно систематизацијата и барањата во огласот што регуларно е објавен во два медиума, за платата не сме информирани, ниту пак за името на лицето кое е вработено. Дополнително треба да се запознаваме со дел од нашиот тим. Јас немам информација чија роднина е лицето, како што веќе реков не го знам ниту името. – објасни Ирена Лазарова, раководител за маркетинг и односи со јавност во Централниот регистар.

огласот за нови 34 вработувања во Централен регистер на Република Македонија, објавен во екот на т.н. информативна предреферендумска кампања

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.