На 29-ти април на подрачјето на Љуботен (Скопје) е пронајдено тело од маж кое е целосно изгорено.

Објавил: admin@magazin | 4 мај, 2019 16:01

Мајката од Пино: СРАМ ДА ВИ Е- како може министерот Оливер Спасовски да не работи на случајот?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На 29-ти април на подрачјето на Љуботен (Скопје) е пронајдено тело од маж кое е целосно изгорено.

Пино на 10 декември бил излезен вечерта и последен пат бил виден во скопската населба Ѓорче Петров околу 22 часот. Тој бил излезен бил со бел автомобил марка „Шкода“ со регистерски таблички SK1566AP. На подрачјето на Љуботен (Скопје) на 29 април, е пронајдено тело од маж кое е целосно изгорено.

Телото, тоа што е останато од телото е маж во возраст од 20 до 35-36-40 години, пишува Маја, мајката на Пино кој веќе подолго време се води за исчезнат.

Нејзиниот статус го пренесуваме во продолжение:

Од младото момче Пино веќе четири месеци,  нема никаква трага.

Полицијата нé повика сите нас родители на исчезнатите за да оставиме ДНА (НДА). Мене на 2 Мај ми се јавива( после 3 дена) да ме повикаат да дадам ДНА (НДА). Јас сум моментално во Италија. Во сабота и недела каде што треба да ми земат ДНА (НДА) не работат. Се зима ДНА(НДА) само од понеделник до петок.
Сакам да го прашам Министерот за Внатрешни работи Господинот ОЛИВЕР СПАСОВСКИ како е можно во ваков кризен момент сабота и недела да не работат на случајот? Не зимаат ДНА (НДА) Викенд си тераат? Им е гајле на нив како се осеќаме ние родителите од 29=ти април што си ги јадеме живците незнаејќи ништо и наместо да се направи КРИЗЕН ШТАБ они сабота и недела не работат!!!

ПРВИ МАЈ не работат! Па Да! Така е! Па не се нивни деца во прашање. Да се работеше за нивни деца ќе се работеше 24/24 саати!!! 7 дена на 7!!! Ќе трчаа дење и ноќе #МВР

СРАМ ДА ВИ È!!!

Претходниот месец, како што изјави мајката на Пино, Маја, премиерот Зоран Заев ја пријавил за вознемирување, бидејќи му побарала помош за да се пронајде нејзиниот исчезнат син.

Повеќе од четири месеци, младиот Пино е исчезнат, а се уште нема никакви информации за него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести