Воедно тој најави дека постои можност Соединетите држави, кои се всушност најголемиот донатор на СЗО, никогаш повеќе да не ја финансираат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 април, 2020 10:39

Мајк Помпео: САД можеби никогаш повеќе нема да ја финансираат СЗО!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако американскиот претседател Доналд Трамп забрани привремено запирање на финансирањето на СЗО, денеска Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Светската здравствена организација треба темелно да се реформира.

Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите.

Воедно тој најави дека постои можност Соединетите држави, кои се всушност најголемиот донатор на СЗО, никогаш повеќе да не ја финансираат.

Мислам дека треба добро да ја протресеме СЗО и да видиме што ќе излезе од тоа. Последен пат ја реформиравме во 2007 година и ова е првпат да ги решаваме недостатоците на таа организација во рамките на ОН. Треба да ја поправиме, треба да направиме структурно прилагодување на СЗО – порача Помпео за телевизијата Фокс.

Минатата недела Доналд Трамп ја донесе одлуката за привременото прекинување на финансирањето на СЗО. Тој тогаш посочи дека се одлучил на ваков чекор поради моменталната ситуација со глобалната пандемија од Ковид-19, за што ја обвини СЗО, дека била пристрасна кон Кина и ги поддржувала дезинформациите на Кина за епидемијата на корона вирусот.

До сега САД беа најголемиот индивидуален финансиер на СЗО, со околу 400 милиони американски долари во 2019 година, што е околу 15 проценти од вкупниот буџет на организацијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести