МВР влезе во тежок "филм" во кој сите глумат само не и актерката и граѓански активист Ирена Ристиќ, која доби прекршочна пријава за чистење на зелена површина во Град Скопје

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 11:27

МВР “глуми” дека е Ирена Ристиќ?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По реакциите на актерката и граѓанска активистка, Ирена Ристиќ, дека полициските службеници одбиле да се легитимираат, по што одбила да даде крв за проверка за присуство на алкохол, тие примениле сила и се обиделе да ја сместав во психијатриска болница, чин во кој не успеале па ја вратиле на местото на настанот.

МВР се огласи со соопштение во кое стои дека Актерката Ирена Ристиќ и В.Р. (32) кои утринава беа приведени на булеварот Илинден, во близина на Владата за нарушување на jавниот ред и мир, доколку имаат забелешка за однесувањето на полицајците можат да го пријават настанот во одделот за внатрешна контрола при МВР.

Понатаму МВР го реконструира настанот, кој да повториме е чин во кој Ристиќ и пријател собирале “пикавци” кои биле фрлени во паркот околу Влада на Република Македонија.

Според портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, по реакциите на социјалните мрежи за грубоста на полицајците при приведувањето МВР го нуди ова како решение.

Тој рече дека доколку приведените пријават такво однесување од страна на полицајците, тие веднаш ќе го испитаат случајот и доколку се утврди било кој полициски службеник дека ги надминал своите овластувања тие ќе бидат санкционирани.

МВР соопшти дека приведените викале на висок тон и дрско и непристојно се однесувале, а откако двајца полициски службеници им се доближиле и ги предупредиле за нивното однесување, почнале да ги омаловажуваат и навредуваат полициските службеници.

Актерката и В.Р. биле приведени во ПС Центар поради нарушување на јавниот ред и мир. Кај В.Р. бил извршен алкотест кој покажал дека е под дејство на алкохол.

И.Р. (43) одбивала да и биде извршено алкотестирање и поради тоа била однесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да и биде земена крв и урина за анализа за присуство на алкохол. Бидејќи одбила да даде крв, била однесена во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје, со цел да се добие стручно мислење врз основа на надворешните манифестации и симптоми на лицето.

Потоа Ристич била вратена во станицата и во 4.30 часот била пуштена дома. Против двајцата се поднесени прекршочни пријави.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.