Поднесена е кривична пријава против И.К. (62) од Охрид

Објавил: admin@magazin | 2 септември, 2018 16:34

МВР го расчисти убиството на жената од Велгошти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за внатрешни работи (МВР) го расчисти убиството на Б.П. (47) во охридското село Велгошти, а на осомничениот И.К. (62) од Охрид му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што соопшти МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против И.К. (62) кој живее во Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 29 до 31 август 2018 година во куќата на Б.П., на улицата „Илинденска“ во Велгошти.

По преземени мерки и активности, на 31 август во 21 часот, И.К. е пронајден во куќа во Струга и лишен од слобода, а судот му одреди 30-дневен притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести