И министерството за внатрешни работи на Македонија потврди дека на половина од гласачкиот процес имало само четири помали изолирани инциденти при гласањето

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 12:26

МВР регистрира четири инциденти на гласањето, апелира на воздржаност

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од отворањето на гласачките места досега се регистрирани вкупно четири инциденти, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Како што рече на прес конференција, на гласачкото место во ОУ “Лазо Ангеловски” во Аеродром К.Ж. (22) навредувал граѓани и физички нападнал полициски службеници поради што е приведен во полициската станица.

Осумдесетгодишен маж од Зубовце, Гостиварско, пријавил дека бил навредуван во врска со референдумот од 64-годишната С.М.. Таа е повикана во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Во Струга, пак, пријавено е фотографирање со мобилен телефон од тераса на зграда близу избирачкото место во ОУ “Браќа Миладиновци” на улицата “Јован Стефаноски – Риле”. Веднаш се преземени мерки и лицата се однесени во полициската станица. – истакна Ангеловски.

Според него, четвртиот инцидент е на гласачкото место во ОУ “Ванче Прќе” во Штип. Б.О. пријавил дека при достава на храна на избирачкиот одбор бил фотографиран и навредуван од Е.С. Е.С е во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат законите и да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и на тајноста на гласањето. Секое спротивно однесување на законите МВР нема да го толерира за да обезбеди непречено и мирно гласање. – апелира портпаролот Ангеловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...