Ова е втор случај на убиство за една недела во Македонија

Објавил: admin@magazin | 1 септември, 2018 12:46

МВР со официјални информации за вчерашното убиство во Велгошти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашното убиство во охридско Велгошти, полицијата утрово во редовниот билтен излезе со првите официјални информации.

На 31.08.2018 година во 16,37 часот во Полициската станица Охрид пријавено е казнено дело „убиство“ извршено врз Б.П. (47) во нејзината куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти. На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид како и полициски екипи од СВР Охрид. По преземени мерки, синоќа во 21 часот во Струга приведено и лишено од слобода е едно лице од Охрид по што, во консултација со Јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција“ – се вели во соопштението на полицијата.

Дел од медиумите пренесувајќи ги информациите добеини од соседите јавија дека 47 годишната жена заработувала како шивачка. Имала две полнолетни деца а во куќата каде што била убиена живеела сама.

Ова е втор случај на убиство за една недела, откако на почетокот на неделата во Кичево беше пријавено тројно убиство. Се уште непознат сторител уби маж, жена и нивната 14 годишна ќерка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести