Службениот џип на МВР го користеле неколку девојки

Објавил: admin@magazin | 4 август, 2018 23:41

МВР ќе испитува што барал службен „ренџ ровер“ во Грција

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Мтерството за внатрешни работи ќе истражува дали службено возило марка „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” бил злоупотребен од висок функционер вработен во Министерството.

Претходно порталот „Нет прес“ објави дека теренското воило во сопственот на МВР било забележано во Грција и дека наводно го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“.

Од МВР велат дека ќе се испитува дали возилото ја преминало границата.

Возилото за кое информиравте е сопственост на МВР, и е возено од службено лице вработено во министерството. За користењето на службеното возило ќе бидат известени соодветни органи во структурата на министерството кои ќе го истражат случајот, а за резултатите од истрагата ќе бидете навремено информирани“, велат од таму.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.