Според одлуката нема да бидат запишани во училиште, децата на кои родителите нема да прикажат потребни документи и не покажат исполнети вакцинални картони.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 мај, 2019 19:21

Меѓаши со реакција на одлуката на Владата: Не смее да има забрана за невакцинирани деца во градинките и училиштата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата одлучна во одлуката, невакцинирани првачиња да не се запишуваат во училиште.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 17.252.“, велат од Институтот за јавно здравје.

Според одлуката нема да бидат запишани во училиште, децата на кои родителите нема да прикажат потребни документи и не покажат исполнети вакцинални картони. Уписите започнаа денес а децата кои не ги исполнуваат условите во септември нема да можат да тргнат во прво одделение.

„Од оваа учебна година нема да можат да бидат запишани првачиња коишто нема да достават картон за вакцинација. Вакцинацијата е задолжителна.“ кажа Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на РСМ.

На ваквата одлука на Владата, на забраната деца кои не се вакцинрани, да не бидат примани во градинка или во училиштата, реагираше првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Ниедно дете не смее да биде исклучено од образовниот процес, без оглед на здравствената состојба или вакциналниот статус. Свесни сме дека во состојба на епидемија јавното здравје има приоритет и државата мора да преземе соодветни мерки со цел да го заштити населението и истото го поддржуваме, но државата мора да најде соодветни форми и механизми со кои ќе обезбеди грижа, згрижување, образование на сите деца, се вели во соопштението на „Меѓаши“.

Според детската амбасада „Меѓаши“, родителите треба и мора да бидат целосно информирани за значењето на имунизацијата, но и за сите позитивни и негативни ефекти од истата, како и информации за квалитетот и безбедноста на вакцините.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.