петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Со овој случај, заклучно до 1 ноември во државава се регистрирани 1.901 случај на мали сипаници со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители. Од Институтот за јавно здравје информираат дека сé уште е во тек епидемија на мали сипаници.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 ноември, 2019 15:36

НОВ СЛУЧАЈ НА МАЛИ СИПАНИЦИ: Заболено невакцинирано дете, регистрирани вкупно 1.901 случај

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Не стивнува епидемијата од мали сипаници. Изминативе две недели е регистриран нов случај на мали сипаници. Се работи за дете кое не ја примило вакцината МРП, на возраст до четири години од Скопје а случајот е лабораториски потврден.

Мали сипаници или морбили е високо инфективна болест на респираторниот систем предизвикана од вирус од групата миксовируси (paramyxovirus), од родот Morbillivirus.Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката). Симптомите вообичаено започнуваат да се јавуваат 10–12 дена после изложувањето и траат 7–10 дена.

Со овој случај, заклучно до 1 ноември во државава се регистрирани 1.901 случај на мали сипаници со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители. Од Институтот за јавно здравје информираат дека сé уште е во тек епидемија на мали сипаници.

Во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје,  според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin, кој го има и во соседните држави.

Во текот на 42. и 43. недела во државата вакцинирани се 1.123 деца (од предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата изнесува 42.746 (во прикажаниот вкупен број вакцинирани се вклучени и пропуштените и редовно вакцинираните деца со МРП вакцина), се посочува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Од почетокот на епидемијата, па досега, во центрите за јавно здравје дополнително се аплицирани 6.295 дози на вакцина, од нив повеќе од 60 отсто кај здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се лица на возраст над 14 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.