Нина Бадриќ е хрватска поп пејачка и текстописец. Таа започнала да настапува на почетокот на 90-тите години, а се натпреваруваше во „Дора“ - хрватската селекција за избор на песна на Евровизија 4 пати.  Таа го освои 7-то место во 1993 година со „Остављам те“, 10-то место во 1994 година со „Године нестарне“, 18-то место во 1995 година со „Одлазиш завијек“, а второ место во 2003 година со „Чаробно јутро“. Бадриќ ја претставуваше Хрватска на Евровизија 2012 во Баку, Азербејџан со песната „Небо“. Таа заврши на 12. место во второто полуфинале и не успеа да се квалификува за големото финале. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 март, 2020 22:37

МЕ СЛУШНА КАКО ПЕЈАМ ВО ПРОДАВНИЦА: Наредниот ден дојде по мене- Нина Бадриќ открива голема тајна!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нина Бадриќ неодамна откри како случајно започнала да пее. Имено, познатата пејачка откри дека Дино Дворник ја слушнал како пее во една од продавниците каде што работела, каде тој запрел за да купи фустан за сопругата.

Бадриќ ја претставуваше Хрватска на Евровизија 2012 во Баку, Азербејџан со песната „Небо“

 

„Штом тој ме слушна како пеам, тогаш ми рече да го исклучам радиото и ако пеам толку добро, дека ќе ме одведе уште утре дента да го потпишам договорот“, рече пејачката, која откри дека Дино ја  прашал каде живее откако го исклучила радиото и започнала да пее.

“Следното утро во 10 часот, Дино Дворник, тогаш најпознат пејач во земјава, дојде кај  мене дома за да ме собере. Ми донесе чај и колачи”, откри таа, истакнувајќи дека веднаш се упатиле кон продуцентска куќа.

Нина Бадриќ е хрватска поп пејачка и текстописец. Таа започнала да настапува на почетокот на 90-тите години, а се натпреваруваше во „Дора“ – хрватската селекција за избор на песна на Евровизија 4 пати.  Таа го освои 7-то место во 1993 година со „Остављам те“, 10-то место во 1994 година со „Године нестарне“, 18-то место во 1995 година со „Одлазиш завијек“, а второ место во 2003 година со „Чаробно јутро“. Бадриќ ја претставуваше Хрватска на Евровизија 2012 во Баку, Азербејџан со песната „Небо“. Таа заврши на 12. место во второто полуфинале и не успеа да се квалификува за големото финале. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.