"На овој неуставен референдум на една страна ќе биде ЕЛИТАТА, а на другата страна ќе биде НАРОДОТ"

Објавил: Данаил Михајловски | 24 септември, 2018 0:24

Милошоски го цитира Цепенков: Не барај ни кај куче вера, ни кај богат мера!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Политичката/бизнис елита во државава добро знае што губи народот со неповратното менување на Уставот, името и националното понижување, но најважно им е што би добиле тие преку овој манипулативен референдум, пишува во својот Фејсбук статус пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Упростено преку зборовите на Трифун Костовски на 24Вести, кој сам си кажа: “и мене ми е тешко јас од Македонец да бидам Северномакедонец, но битно е да ми се отвори бизнисот за банката!”
….
За ваквите Цепенков имаше поговорка “не барај ни кај куче вера, ни кај богат мера!”
….
Затоа на овој неуставен референдум на една страна ќе биде ЕЛИТАТА (блиски и до СДСМ, и до ВМРО, ДУИ, НСДП, некои академици, транзициони бизнисмени, тендер групации, богаташи од градежниот, фармацевтскиот, нафтениот бизнис, одредени судии, некои високи службеници, сите кои подолго време уживаат материјални придобивки, повластен статус и државен конфорт), а на другата страна ќе биде НАРОДОТ. Затоа шират пропаганда за што повеќе народ да се изманипулира и да им служи како покритие.
Затоа е важно да биде свој на своето.
Честа на родот, и достоинството на народот!

Туѓото не го сакам, своето не го давам.
#Бојкотирам

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.