Холандија го блокира одлучувањето за датум за преговори за Македонија и Албанија

Објавил: admin@magazin | 28 јуни, 2018 23:07

(Видео) Милошоски: Заев лаже, Македонија не доби датум за преговори

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски во гостувањето на Топ тема рече дека премиерот Зоран Заев шири лажни вести дека Македонија добила датум за преговори за членство во ЕУ.

-Кога не би следел странски медиуми, можеби би поверувал во тоа што го зборува Заев, но гледам дека тој лаже. Холандскиот министер изјави дека Холандија го блокира одлучувањето за датум за преговори за Македонија и Албанија. Тоа значи дека Македонија не доби датум за преговори. Ова значи дека Македонија има добиено условна препорака. Македонија нема одлука за датум за преговори, ова што го кажува премиерот Заев е лажна вест, вели Милошоски.

Во 47-48 минута, на прашањето на Бучковски дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи изјаснувањето на граѓаните на референдум за смена на името Милошоски му одговори: “како вас во 2004та година, некои прашања не заслужуваат одговор, а јас лично не чуствувам потреба да гласам за неуставниот договор со Грција и со тоа да го легитимирам”

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.