Следна шанса е октомври, а реална во 2020 година

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 април, 2019 10:50

Милошоски од Стразбур: Во јуни нема датум за преговори, почеток на 2020 е најреална опција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во наредните три дена, делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетиане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски, учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува во Стразбур, Република Франција.

Антонијо Милошоски од Стразбур вели, дека самото тоа што е присутен во Парламентарното собрание во советот на ЕУ, дава можност за средби со голем број на пратеници.

Тоа што сакам да го соопштам на македонската јавност се заложбите од моја страна, кај сите пратеници со кој што се сретнав, да лобирам Македонија што поскоро да добие датум за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија, а тој датум за членство го имаме заслужено како држава, уште во 2009 година, кога за прв ат добивме позитивна препорака од Европската комисија.Но тоа што го слушам се различни тонови, во зависност од тоа од која држава доаѓаат пратениците, вели Милошоски во своето видео објавено на Фејсбук.

Пратеникот Антонио Милошоски кој е дел од македонската делегација на редовното парламентарно собрание на Советот на Европа вчера на својата акредитација ја пречкрта придавката Северна на новото уставно име на државата, на пто реагираше премиерот Зоран Заев, дека ваквиот потег на Милошоски, е казниво дело и непочитување на Уставот.

Тој во видеото додава дека во Јуни нема да има одлука за датум за преговори, затоа што Франција, Данска и Холандија сметат дека МК не е спремна и дека нема доволно добра имплементација на законите, посебно го областа владеење на правото и реформите во администрацијата, а следна шанса за носење на одлука за датум за преговори е Октомври 2019 та во Хелсинки, кога Финска претседава со ЕУ.

Како што вели Антонијо оптимистичко и реално сценарио за почеток на преговорите, доколку има добри реформи и се убедат ФР и Холандија, е за време на Хрватското претседателство со ЕУ во првото полугодие на 2020 година.

Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во Јуни, селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините
Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претс избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на Хрватското претседателство. Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години, напиша тој во описот на видеото поставено на неговиот Фејсбук Профил.

Целото видео, од неговото обраќање од Стразбур, можете да го погледнете ОВДЕ.

Иако уште лани во 2018 година премиерот Зоран Заев изјави дека била донесена одлука за датум за преговори, сепак таква одлука нема да има ни овој јуни 2019.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.