Адеми ја злоупотреби службената функција и изврши директен упад во изборниот процес со политичко агирирање и Јавно обвинителство треба да постапи по службена должност

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 7:10

Министерот Адеми го прекрши молкот?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Брзоплетоста за реакции по инцидентот на едно гласачко место во Мелбурн, Австралија, доведе до прекршување на молкот од страна на извршната власт со огласување на ненадлежен министер.

Имено откако од вчера на Фејсбук страницата “Предавници Traitors” се прикажаа лица како ги снимаат, фотографираат и навредуваат граѓаните кои во дијаспората излегоа да гласаат на референдумот, се огласија и македонските власти. 

Конкретно ,инистерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, вели дека снимањето е пријавено кај властите во Австралија, снимачите се идентификувани и ќе ги сносат законските последици.

Чинот на снимање на гласачите пред конзулатот во Мелбурн од страна на неколку индивидуалци е спротивно на сите закони и вредности на демократијата. Им честитам на тие граѓани кои водејќи се од националните и стратешките интереси на државата денес се одважија и го искористија своето загарантирано право на глас. Нивниот глас ќе се вреже во темелите на европска Македонија, како и гласот на сите други кои денес ќе гласаат. Истовремено, инстутуциите на Република Македонија, се во контакт со Австралиските власти. Случајот е пријавен, снимачите се идентификувани и ќе ги сносат сите законски последници согласно Австралиското законодавство. Ги охрабрувам сите кои денес ќе гласаат во дипломатско конзуларните претставнишвта без никаков страв да го искористат своето граѓанско право на глас. – се огласи Адеми.

По оваа реакција согласно законот за изборни процеси и законот за референдум органите на прогонот а и Државната изборна комисија треба да констатираат прекршување на молкот и директна агитација од функционер од извршната власт во презиборен молк и за време на изборен процес.

Имено единствен изборен огран кој смее да ги толкува инцидентите е Државната изборна комисија на Република Македонија на која при асистенци и стојат само две министерства согласно законот, Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи.

Едмонд Адеми во основа ја злоупотреби службената функција и изврши директен упад во изборниот процес со партиско – политичко агирирање и Основното Јавно обвинителство треба да постапи по службена должност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...