Филипче со несмасен ФБ пост ја отвори дилемата каков квалитет имаат вакцините кои им се даваат на децата во Македонија сега

Објавил: Мартин Попоски | 22 август, 2018 15:29

Министерот Филипче јавно потврди дека немаме квалитетни вакцини за деца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче со статус на Фејсбук ги загрижи родителите на децата кои треба да се вакцинираат.

Венко Филипче како министер за здравство за мошне краток рок имаше толку многу афери што по сомнителниот тендер од 35 милиони евра – оставката на неговиот шеф на кабинет и смртта на млад пациент денес еднотавно е министер за оставка.

Имено Филипче со цел да помогне во владината кампања за договорот со Грција односно пред референдумот за промена на името направи чекор кој ниту еден министер не смее да си го дозволи.

Тој повика да се гласа “ЗА” промена на уставното име на земјава на референдум а како причина за тоа појасни каква придобивка би имале.

“Најквалитетни вакцини за сите наши деца!”

“Членството во ЕУ значи подобри здравствени услуги за сите а за нашите деца значи најквалитетни вакцини.  Пред нова вакцина да биде одобрена на пазарот поминува низ строга регулаторна постапка за проценка на квалитетот – ефикасноста и безбедноста.” – напиша министерот на Фејсбук.

По аферите кои го пратат министерот Филипче очигледно е дека ни тој ни неговата Пи Ар служба не можат да си наштета самите на себе повеќе од било кој друг. И тоа им оди одлично и крајно аматерски.

Останува уште министерот Филипче на прес конференција јавно да одговори пред македонските граѓани дали со ова тврди дека моментално во Македонија имаме неквалитетни вакцини?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...