Шиповиќ се приклучи на барањето пдговорност откако беа доделњни голем број на грантови на функционери и блиски до власта

Објавил: admin@magazin | 24 јули, 2018 13:08

Мирослав Шиповиќ се приклучи на барањето одговорност за криминалните иновации

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот претседател на Советот на општина Центар од СДСМ, Мирослав Шиповиќ реагираше на земањето на криминални грантови на неговите сопартијци од Фондот за иновации.

Шиповиќ се приклучи на барањата за одговорност, откако излегоа информациите дека голем број на фирми во сопственост на функционери на СДСМ и власта како и на нивни роднини добија илјадници евра од Фондот.

Ваквите реакции следат откако фирми на Кочо Анѓушев, Хари Локвенец, синот на Цветанка Ласкова, Бранко Геровски и уште неколку фирми на луѓе блиски до СДСМ добија грантови стотици илјади евра државни пари.

Значи најмладиот доктор по анкетен лист 20 милиони евра тежи, скоро инкасира 4 или 5 милиони евра од продажба на компанија. Па до 160.000 евра ти дојде. Сега со право може да се чудат како ги стекна парите, вели Шиповиќ во еден од неговите Фјесбук статуси алудирајќи на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Тој посочува дека добростоечки бизнисмени е срамота да користат државни субвенции бидејќи истите треба да се за сите кои немаат можност да дојдат до средства и посочува дека на таквите бизнисмени не им е местото во политика.

Иноваториве запнале за истрага, АБЕ ЕТИКА е во прашање, а и законот за и огласот кој не спречува инсајдерство. ИНСАЈДЕРСТВОТО што не се спречува е најголемото промаршување, нагласува Шиповиќ.

Шиповиќ се приклучи на реакцијата на неговиот сопартиец и поранешен потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски кој напиша дека на обични наградни игри забрането им е на вработените и семејствата да учествуваат, а не пак на тендери за грантови од иладници евра државни пари!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...