Митева укажа дека за се што се случува е виновна Данела Арсовска и поради тоа треба да си поднесе оставка.

Објавил: admin@magazin | 22 октомври, 2022 12:11

Митева: Данела Арсовска е виновна за хаосот во градот Скопје, оставка веднаш

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање како ги коментирате случувањата во градот Скопје околу Советот и состојбата со претпријатијата посочи дека целата ситуација наликува на театар во кој Арсовска се профилира како продолжена рака на СДС додека работниците трпат.

Митева укажа дека за се што се случува е виновна Данела Арсовска и поради тоа треба да си поднесе оставка.

Додека СДС, директорот на ЈСП од СДС и Арсовска си ја префрлаат вината, градот тоне во долгови. Целата ситуација наликува на театар во кој Арсовска се профилира како продолжена рака на СДС додека работниците трпат и се случува девастирање на сите јавни претпријатија.

Она што факт е дека Данела Арсовска е онаа која што е виновна за хаосот во градот и поради тоа треба да си поднесе оставка, на ЈСП покрај што му должи неспособната влада, должи и Арсовска, рече Митева.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.