Тој преку статус се обраќа до премиерот и  пишува дека е срамота што Заев се фали дека има поранешен обвинител и сопственик на телевизија во притвор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 септември, 2019 10:43

Мицковски удри по Заев: Зоки не е за фалење дека поранешен обвинител и скриен сопственик на телевизија се во притвор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ивор Мицковски, поранешниот прв човек на Центарот за комуникации во СДСМ на својот Фејсбук профил ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев. Тој преку статус се обраќа до премиерот и  пишува дека е срамота што Заев се фали дека има поранешен обвинител и сопственик на телевизија во притвор.

Фејсбук статус на поранешниот прв човек на Центарот за комуникации во СДСМ Ивор Мицковски

-Не е бе Зоки за фалење дека имаш бивш обвинител, скриен сопственик на телевизија, така да кажам провладин тип во притвор.
Срамота е што дозволивте скриен сопственик и дубиозна телевизија да работи, што ставивте сомнителен обвинител да решава криминали, и што дозволивте провладини квазигазди со кои се дружите и од чии студиа не излагавте, да рекетираат.
И секако, што се криете сите што сте политички инволвирани…, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Инаку вчера премиерот Заев во интервју за магазинот Детектор на ТВ „Сител“ изјави дека тоа што обвинител и газда на провладин медиум се во притвор ќе ја зголеми довербата на граѓаните.

 – Според мене ќе остане печатот на зголемена доверба кон институциите и политичарите. Заради тоа што навистина претставува случај каде што недвојбено, без резерва на било кој се става силен печат на независноста на правосудниот систем, во овој случај на Јавното обвинителство. Растеретено од било какви притисоци да истера истрага за вака висока корупција. Самиот случај покажува дека има еве обвинител во притвор, газда на медиум, провладин, така да го кажам во притвор. Сето тоа е сериозна порака дека институциите, без разлика кој се инволвирал, за кој што постојат индиции за одредена инволвираност во одредени кривични дела треба да си одговара и ќе си одговара во државата. За мене тоа е многу значајно“ – вели Заев во интервјуто за магазинот Детектор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...