Мицкоски од Охрид, под мотото „Македонија ќе победи“, го поведе шестиот марш на ВМРО - ДПМНЕ, од кој упати остри критики и за Договорот од Преспа и кон Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 септември, 2018 14:30

Мицкоски: Ајде да го промениме пристапот и ова што ни се нуди денес да не го прифаќаме!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

ВМРО – ДПНЕ денес со голем народен митинг во Охрид, од кој претседателот Христијан Мицкоски ја заостри реториката по однос на критиките кон Заев но и претстојниот референдум.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, почетокот на својот говор го започна со историски осврт на се низ што поминале и Република Македонија и Македонската нација изминатите 27 години независност.

Мицкоски со осврт на првите реакции на нашиот јужен сосед, кој прво побара да користиме времена референца, ФИРОМ, за која СДСМ тогаш со поддршка од претседателот Киро Глигоров ги убеди граѓаните дека ќе биде само времена, неколку месеци, најмногу три. И излажаа.

Мицкоски ги наброја и промените на националното – државно знаме, кое пак го реализираше СДСМ но и инсистирањето на измените на Уставот на Република Македонија од кој најголеми штети претрпе Македонската нација.

Ги цитираше изјавите на грчките политичари низ последните 10 години, особено на оние кои своевремено биле опозиција па пропагирале дека Грција никогаш нема да признае Македонска држава, Македонска нација, Македонци.

Мицкоски ги повика граѓаните да се потсетат за што беше референдумското изјаснување во 1991 година? Беше за независна, самостојна и суверена Република Македонија, држава на Македонската нација и етничките заедници во неа.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ ги осуди политиките на власта на Зоран Заев кој без срам и политичка доблест врши јавно потценување на сопствениот народ, затоа што сите економски и социјални политики си оставил на страна и решил да го смени името на Македонија со што да не се залажуваме се брише Македонската нација во своето историско постоење.

Мицкоски повика, доста беше компромиси само од наша страна. Ајде да го промениме пристапот и ова што ни се нуди денес како Договор да не го прифаќаме!

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ потсети дека партијата останува на ставовите кои се приоритет за Република Македонија и Македонците, ЕУ и НАТО интеграции, но не со одобрување на овој штетен Договор од Преспа кој Заев и Ципрас си го составиле само да избришат една нација од постоењето.

Мицкоски побара да се прекине веќе со трговија на националните интереси и државотворните елементи, а да се посветиме кон економијата и области во кои Заев не направи ништо.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ ја повика власта да прекине со уцени, закани и приситок врз граѓаните да излезат на референдумот кој претстои. Посочи дека Заев јавно повикал и охрабрил и на јавен поткуп на граѓани од бизнис заедницата и дека за се што прави и тој а неговите министри го аминуваат, наскоро ќе одговараат.

Во основа гласањето за овој Договор значи само одобрување на криминалните активности на Заев, да се зголемуваат даноците, гласањето за на референдумот значи повеќе тендери во фирмите на министрите на Заев, за нови тендери во здравство од татко на ќерка, за нови книги и учебници за коалицијата на власт.

Мицкоски упати и порака дека сите критики упатени до него се добредојдени, затоа што нема што да изгуби ни што да добие, напротив, го прават похрабар.

Говорот го заврши со повторување на ставот дека ВМРО – ДПМНЕ нема да повика на бојкот, затоа што народот е пред одлука, а не партијата, додекаа на маса, јавно им се доставени сите штетни елементи од евентуалното имплементирање од Договорот од Преспа. Граѓаните сами ќе одлучат на 30 септември што треба да прават.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.