Портпаролот на ВМРО - ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес конференција соопшти дека партискиот претседател Христијан Мицкоски нема да гласа на референдумот

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 11:33

Мицкоски бојкотира

Фото/Текст извор: ©нетпрес.ком.мк

Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање дали ќе излезе да гласа лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тој пренесе информација дека тоа нема да се случи.

Информацијата беше споделена со новинарите а ја пренесе и нетпрес.ком.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ во рамките на партискиот став кој овозможува секој да постапи по свое лично убедување одлучи да не гласа на референдумот. Мицкоски смета дека прасањето за референдум е повеќезначно и манипулативно. Во неговата содржина се состои прашање за членство во НАТО и ЕУ што преставува стратеска цел на ВМРО-ДПМНЕ, а во пракса на денешниот референдум се одлучува за штетен договор за преименување на земјава и ништо повеќе, и во таков случај Мицкоски одлучи да не гласа на референдумот, практично апстинирајќи да испрати порака на несогласување и отфрлање на штетниот договор. – вели Стоилковски.

Додава дека Мицкоски е против промена на името и против договорот кој е за понижена Македонија.

Одлуката за неизлегување преставува законско право и еден од начините за изразување на незадоволство од договорот и вака водениот референсумски процес.

На прашањето до Стоилковски дали ВМРО – ДПМНЕ очекува власта да го почитува евентуален неуспешен референдум Стоилковски вели дека законот е јасен што значи успешен референдум.

Доколку согласно закон излезат над 900 илјади гласачи од кој повеќе од половина би гласале за договорот тоа би преставувало волјата на народот која мора да се почитува, но воедно секој резултат под овој законски минимум ќе преставува неуспех за власта и неприфакање на договорот, но воедно и обврска власта да ја почитува волјата на народот и да се повлече од договорот. – вели портпаролот Стоилковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...