Мицкоски со порака ВМРО - ДПМНЕ остануваат верни на ЕУ и НАТО интеграциите но се против Договорот од Преспа, со најава дека партијата наскоро ќе има и став за референдумот

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 13:54

Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ е за ЕУ и НАТО, но не го прифаќа Договрот со Грција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес 6 септември 2018та година оствари средба со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

На средбата стана збор за актуелните случувања во земјава, за договорот со Грција и претстојниот референдум.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека ВМРО – ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО, и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се од стратешки интерес за земјава.

Воедно тој подвлече дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО – ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела. ВМРО – ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање.

ВМРО  -ДПМНЕ смета дека власта треба да се посвети на подобрување на реалните области за живот кој се од суштествено значење за граѓанинот, а таму се до сега се забележува огромна стагнација пропратена со огромен број на афери и сомнежи за злоупотреба.

Што се однесува до самиот став во однос на референдумското изјаснување ВМРО – ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации и во текот на идната недела ќе заседава Извршниот и Централниот комитет на партијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.