Според изјавите од денешниот народен митинг во Кичево, ВМРО - ДПМНЕ и претседателот Мицкоски нема да дадат насоки за референдумот, освен една, дека нема поддршка

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 15:05

Мицкоски: Заев е обичен криминалец, со него ли во ЕУ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешниот народен протест во Кичево, според обраќањето на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, партијата очигледно нема да повика ни на бојкот ни на излезеност на референдумот и дека тоа ќе го остави на народот и членовите, но едно е сигурно, ВМРО – ДПМНЕ не го поддржува референдумот и Договорот со Грција.

Мицкоски во тоа двоумење беше јасен.

Нас денес соочувајќи се со еден срамен договор ни е потребна мудрост и обединетост. Леви, и десни, оние во центарот, определените и неопределените треба да знаат дека нашата земја Република Македонија е во прашање, и треба да се размислува рационално. Има многу луѓе што и од СДСМ не се согласуваат со ова што се случува со државата и ќе кажам дека и тие се добредојдени.

Иако референдумското прашање е тросмислено, неговата суштина е договорот со Грција. Ако ме прашаат дали сте за ЕУ и НАТО, веднаш одговорам да, но сме жестоко против капитулантскиот договорот со Грција со кој се подрива нашиот идентитет и е надвор од нашите принципи. Овој договор е против нашиот идентитет и против нашите принципи, рече Христијан Мицкоски на денешниот сенароден марш во Кичево.

Воедно претседателот на ВМРО – ДПМНЕ појасни дека Договорот е сосема јасен и е погубен за Македонија и Македонската нација.

Мицкоски запраша дали Македонската Армија ќе остане Македонска, дали Македонската академија на науките и уметностите ќе остане македонска, дами Македонската полиција ќе биде македонска со договорот со Грција. Тој рече дека јавноста не слушнала ниту еден аргумент против дека со договорот се уништува институционалниот идентитет и дека со членот 8 од договорот кој предвидува формирање на комисија помеѓу двете држави Македонија и Грција ќе се ревидира историјата, археологијата и образованието, што практично значи дури и се да се исполни од договорот Грција ќе ја има можноста да ја блокира нашата интеграција во Европската Унија.

Треба да се сложиме на тоа дека сме народ без корен, држава без историја.

Еве јавно ги повикувам да го демантираат аргументот дека со договорот го губиме инсититуционалниот идентитет што е компонента на националниот идентитет и дека со членот 8 од договорот престои ревидирање на историјата, археологијата и културата што е врата Грција да не блокира на патот кон ЕУ во секој момент? – рече Мицкоски.

Мицкоски се изјасни и на темата како една партија или претседател може да има став за национано прашање кое ги засега сите сегашни, идни но и минати генерации.

Кој е Христијан Мицкоски да му кажува на народот што треба да прави, да се обидува да го замајува со скапи маркетиншки трикови и странски ПР советници. Кој ми го дал тоа право? Моментот кога одбрав да влезам во политиката, свесно одбрав да бидам слуга на мојот народ и тоа има да бидам – потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот сенароден марш во Кичево на кој се собраа илјадници луѓе да дадат поддршка на опозицијата за зачувување на македонскиот идентитет.

Мицкоски додаде:

Не може за национално прашање да одлучуваат партии. Ова не се партиски надитрувања, иако знам дека на СДСМ позициите во партијата им се се, на нас Македонија ни е се. Нема партиите да одлучат, за национално прашање ќе одлучи нацијата и на нејзината одлука сите ние ќе се поклониме и тоа ќе биде тоа. Времето на недопирливи политичари, самозамислени владетели и тоталитаристи во Македонија ќе заврши кога ќе завршиме со оваа влада.

Зоран Заев ќе биде последниот мрачен лик кој ја запоседнал премиерската фотелја и тоа ви го ветувам. На крај, не можам а да не се потсетам на еден цитат, историски врежан во меморијата на сите оние кои Македонија и ВМРО им е при срцето: Ако водам – следете ме, ако се двоумам – поттурнете ме, ако ве предадам – убијте ме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.