Дали вака крајот мириса?

Објавил: Македонка Димкин | 20 септември, 2023 15:02

Мицкоски му кажа НЕ на интригите на Азилантот од Будимпешта

Фото/Текст извор: ©Фејсбук Мицкоски

Откога во едно Интервју за германски часопис Христијан Мицковски ги отвори картите и го посочи директно Груевски како евентуален поборник  за Уставните Измени во замена на помилување и евентуално за кандидат за претсесател на С Македонија, се јави Груевски со негирање, тој бил многу чесен, толку чесен што во негово време неговиот братучед Сашо ја имаше покорено пола Македонија со рекетирање, користејќи ја функцијата која му ја додели токму Груевски 

На тоа исто на ФБ му одговори Мицкоски:

Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам. Нема потреба од дијалог преку медиуми, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин:

Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш. Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане се подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина. Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која се повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот не бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018та, ова е друго време.

ФБ Пост на Христијан Мицкоски

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.