Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил ја поздрави одличната преработката на страта македонска песна „Нешто ќе те питам бабо“

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 март, 2019 14:30

Мицкоски на Фејсбук за преработката на„Нешто ќе те питам бабо“: Со оваа песна ќе продолжиме да работиме за Македонија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Лидерот на oпозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил ја поздрави одличната преработката на страта македонска песна „Нешто ќе те питам бабо“ од страна на дуото „Некс Тајм“.

Христијан Мицковски на Фејсбук ја пофали преработката на старата македонска песна „Нешто ќе те питам бабо“

-Со оваа песна растевме, со оваа песна ќе продолжиме да работиме, за нејзе, за Македонија. Одлично сработено дело. Македонија вечна! Браво момци, напиша на својата Фејсбук страница Христијан Мицкоски. Инаку песната беше промовирана вчера а доби многу позитивни коментари од публиката. Социјалните мрежи се преплавени со оваа песна, речиси сите ја споделуваат а на Јутјуб веќе има повеќе од 64 илјади прегледи. Браво само напред за Македонија, Во вистински момент, кога е најтешко!, Одлична Македонска песна! ,Да живее мајка Македонија, се само дел од коментарите кои стојат под официјалниот видео запис. !

Песната беше промовирана вчеравечер а во преполниот Драмски театар сите едногласно скандираа „Македонија, Македонија“. Браќата Стефан и Мартин, уште еднаш успеаа да ги растопат срцата и да ги разбудат емоциите кај Македонците. 

Оваа песна е дело на нивниот познат тим на соработници, аранжманот е дело на Никола Мицевски, а видеото е во режија на Огнен Шапковски а е посветена на македонскиот војвода Тодор Александров кој бил убиен на 31 август 1924 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.