Христијан Мицкоски во интервју дава оценка на денешната политичка ситуација

Објавил: Узунов Бобан | 20 јануари, 2019 12:10

Мицкоски: Не ми пречи да се зборува албански, но да не се крши Уставот

Фото/Текст извор: ©press24.mk/магазин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за пресс24.мк одгавара на повеќе прашања за состојбите во државава, меѓудругото истакнува дека тој нема против ниту еден јазик, но ми пречи да се крши Уставот и да се менува карактерот на државата. Исто така Мицкоски му порача на Заев да се спреми за политичка пензија.  

Не, јас немам против ниту еден јазик, но мене ми пречи да се крши Уставот и законите и да се менува карактерот на државата.

Заев освен името и идентитетот, сега го менува и карактерот на државата, добиваме некакви обележја на хибридна федеративна творба во која политичарите на власт ја имаат киднапирано власта од народот.

Македонците ги губат своите обележја, додека се ставаат во подредена состојба и другите малцинства во државата.

И не само тоа, зачудува жестокоста со која се гази правото. Заев го заглави директорот на службен весник, човекот направи кривично дело кое не застарува минумум 5 години.

Еден криминал води кон друг криминал. Имаме криминалци на власт. Погледнете, имаме претседател на собрание кој по насилен пат беше избран, имаме име кое го променија незаконски, спротивно на волјата на граѓаните, сега имаме и двојазична Македонија. Зоран Заев е националната катастрофа во оваа држава со кој само губи земјата, изборите се единствениот начин тоа да се спречи.

Додека државата се соочува со проблеми со загадувањето, пазарџиите низ цела Македонија протестираат, премиерот Заев како ретко кој премиер досега замина на зимски одмор во Германија

Во продолжение на интервјуто Мицкоски на прашањето дали после потпишувањето на Преспанскиот договор ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да промени нешто Мицкоски одговара дека

Многу работи во минатото за кои реков дека ќе се случат се случија.  Сега ви велам дека доколку ја добиеме поддршката од гласачите ние ќе промениме многу. И ќе направам се за да се промени таа неправда. Ќе видите имаме план. Македонските граѓани треба да сфатат дека вистинската сила се токму тие и многу внимателно да ги гледаат работите и да анализираат. Ни се случува атентат врз државата. Како поинаку да се толкува ова што денес ни се случува. Македонија со Заев го смени уставот, името, идентитетот, сега се менува карактерот на државата, да не говорам за економската катастрофа и катастрофата во другите сфери. Ова е национален срам приреден од Заев. Да не се заборави како се изврши промената на името. Незаконски, нелегитимно, на сила. Заев е спремен се да направи само да си ја сочува фотељата. Бидејќи тој со економија само со криминал умее, во политика умее само со распродавање и распарчување на државата. И така овој човек гледа спас за себе и своите најблиски. Но греши, го потценува народот кој гледа се, и прати се. Ќе го стигне казната, и онаа од народот, а богами и од правната држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести