Мицкоски вети дека новата влада еднаш ќе стави крај на злоупотребите, ќе го провери потеклото на имотот на политичарите без оглед на тоа кој е и од каде е.

Објавил: admin@magazin | 20 октомври, 2019 21:20

МИЦКОСКИ ПО СРЕДБАТА: На предвремените избори ќе победи обновата на Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По завршувањето на лидерската средба во претседателската вила, премиерот Зоран Заев изјави дека политичките лидери се договориле за одржување на предвремени избори на 12 април додека формирањето на техничка влада, според Пржинскиот договор ќе биде на 3 јануари.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после лидерската средба, за медиумите рече дека на предвремените избори ќе победи обновата на Македонија.

Мицкоски вети дека новата влада еднаш ќе стави крај на злоупотребите, ќе го провери потеклото на имотот на политичарите без оглед на тоа кој е и од каде е.

„На предвремените избори ќе победи обновата на Македонија, а потоа следува засукување на ракавите и работа, рабиита и само работа за да Македонија дел од европското семејство. Продолжуваме со нашата политика за модерна европска иднина на Македонија“, изјави Мицкоски.

На 12 април следуваат предвремени избори, по што победува нашата коалиција, и потоа засукување на ракави и работа и само работа за да се стави оваа земја на брза лента за Европската Унија, “ вели Мицкоски.

Додека пак премиерот Заев изјави дека дискусија имале сите лидери и имал чест како премиер да го даде предлогот.

Нашиот предлог беше на 22 декември да бидат брзите предвремени избори, а притоа кога сите земји ќе го ратификуваат протоколот за НАТО, да имаме функционален парламент. Разгледувавме опции во март и април и утврдивме дека изборите ќе се одржат на 12 април. Нека им е среќа на граѓаните и на земјата, верувам дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор“, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.