Мицкоски, денеска беше во посета на пазарџиите во Битола тој најави голем митинг на ВМРО, во овој град.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 април, 2019 19:27

Мицкоски: Сигурен сум во победата на Силјановска, премиерот да го одржи зборот и веднаш потоа да распише предвремени парламентарни избори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска беше во посета на пазарџиите во Битола. Тој најави голем митинг на ВМРО, во овој град и изјави дека е сигурен во победата на професорката Силјановска, на престојните избори во април.

Христијан Мицковски во посета на пазарџиите во Битола

„Посетата ја започнуваме овде од пазарот, каде што сакаме да поразговараме со луѓето што се во секојдневен контакт и во допир со Битолчани, да споделиме искуства, да ги слушнеме нивните искуства од тоа како денеска живеат луѓето, каква е потрошувачката помеѓу луѓето овде во Битола. И мислиме дека од таа навигација можеме многу да научиме, а во иднина истата таа навигација која што ќе ја добиеме од овие луѓе да ја искористиме и во рамките на креирање на нашите политики во подоцнежна фаза.“

Мицкоски потенцираше дека е сигурен во победата на Силјановска на овие претседателски избори, а пред Битолчани изјави дека се надева дека Зоран Заев, еднаш ќе остане на ќажаниот збор и веднаш потоа ќе распише предвремени парламентарни избори.

Затоа сето она искуство и сета онаа навигација која што ќе ја добиеме од граѓаните во Битола и од Пелагонискиот крај, но и од овие луѓе кои што се овде на пазарите ќе бидат од огромно значење во креирање на идните политики на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.