Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју со две фокусни точки, зошто лаги за ЕУ и НАТО и зошто Уставни измени кои се кријат од народот кој може скапо да го чинат

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 14:55

Мицкоски: Со Уставни измени стауваме бинационална творба

Фото/Текст извор: ©независен.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски стравува дека со најавените уставни измени, покрај менувањето на името, ќе дојде и до редефинирање на државата со што Македонија ќе стане бинационална творба.

Покрај тоа, изразува сомнеж дека премиерот Заев договорил нова бенефиција за албанската заедница во пресрет на претседателските избори.

Повторува дека ставот на ВМРО  -ДПМНЕ е непроменлив: тие се против договорот со Грција, но остава секој од граѓаните да размисли како ќе постапи. Во интервјуто за независен.мк Мицкоски вели дека потпретседателот Митко Јанчев делува согласно нивната стратегија, а не против него лично.

Мицкоски е уверен е дека тие што ќе апстинираат и тие што ќе гласаат „против“ договорот со Грција ќе бидат побројни од оние што ќе гласаат „за“.

Ние сме против промена на Уставот со цел промена на уставното име. Но, ајде да погледнеме и од другата страна, од страната на премиерот и неговата свита и да видеме кој е нивниот став. Тие имаат позиција градена врз лаги и манипулации. Велат биле за европска иднина на Македонија, а на маса имаме договор за промена на името во Северна Македонија. Па велат дека здравството во ЕУ ќе било бесплатно, а половина Грција што е членка на ЕУ – се лекува во Гевгелија, Битола или Охрид. Или, пак, она дека имало бесплатно образование. Еве, јас дел од своето образоваие го имам стекнато во Германија и во Италија и ќе ви кажам, не е така, образованието се плаќа. Така што кога ќе погледнете, единствено јасно во ставот на власта е дека поддржуваат штетен договор за промена на името и ништо повеќе. Еве нека излезат и нека кажат за колку години ќе биде нивната светла иднина? По 15, 20 години? Нека бидат попрецизни. Со ваков начин на работа на владата, ЕУ станува невозможна мисија. – изјави Мицкоски.

Мицкоски во интервјуто се осврна и на Уставните измени за кои како тврди се отворена можност за мноштво интервенции па и формирање бинационална држава.

Знаете ли што во овој момент е вистински важно, покрај договорот со Грција и референдумот? Тоа се уставните амандмани кои власта ги наметнува, но ги крие од јавноста, и јас би бил навистина среќен кога медиумите повеќе би се позанимавале со нивната содржина, бидејќи таму се крие пандорина кутија не само на промена на Уставот со цел преименување, туку и редефинирање на државата. Треба Заев и власта да одговорат дали има нешто плус што се крие во нив и дали практично власта ќе ги чести соседите со нешто дополнително што сега не го соопштува. Бидејќи станува збор за Уставот, еве нека кажат дали можеби ќе има и некоја дополнителна измена која ќе биде исполнување на уште некое барање кон втората по големина заедница во пресрет на претседателските избори во државата. Дали покрај менување на името следува редефинирање на државата во бинационална творба? – истакна Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.