Мицкоски изјави дека имале многу забелешки за предлог-законот за обвинителство, но дека тие се надеваат дека ќе се изнајде решение за овие проблеми

Објавил: Перо Милчин | 10 март, 2019 23:33

Мицкоски: „Средбата со премиерот Заев беше корисна за релаксирање на лидерска средба„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вечерва премиерот Зоран Заев оствари средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а на средбата се разговарало за обезбедување услови за претседателски избори, реформските закони, како и за СЈО.

После лидерската средба со премиерот Заев, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека средбата била корисна за релаксирање на политичката атмосферска лидерска средба.

Мицкоски изјави дека имале многу забелешки за предлог-законот за обвинителство, но дека тие се надеваат дека ќе се изнајде решение за овие проблеми.

Во првиот дел тие ги изнеле забелешките дека има политички прогон и партиски вработувања по сите институции, и напомена каде имаше неправилности при референдумот.

Мицкоски рече дека во минатото побарале дуел, па биле одбиени па затоа иницирале на ваква средба со премиерот Заев. Во вториот дел се разговарало за СЈО, дека ова обвинителство го загуби кредибилитетот кај нас.

Во минатото побаравме дуел, па побаравме предвремени парламентарни избори, но бевме одбиени, па затоа инициравме ваква средба, на која зборувавме за обезбедување на фер и демократски претседателски избори и за реформските закони од агендата за добивање на преговори за пристапување кон ЕУ, изјави вечерва Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Немавме време да го разгледаме составот, но според нас постоечкиот тим не треба да ја добие довербата. Но, сепак треба да ги отвориме темите и за тоа ќе се дебатира. Претседателот на Владата се согласува да ги отвориме сите теми”, рече Мицкоски.

Немам гаранција дека процесот ќе биде фер и демократски, но се надеваме дека оваа средба треба да придонесе за довербата. Сепак ние остануваме зад барањето за предвремени избори и очекуваме нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова да победи”, вели лидерот на опозицијата.
Иако законот за обвинителство е суштествен за преговорите, тој вели дека нема да брзаат и додека законот не биде донесен како што треба, нема да биде донесен под притисок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести