Повод православниот празник Св. Наум Охридски, денеска претседателот на ВМРО ДПМНЕ беше во посета на манастирот Св. Наум Охридски на Попова Шапка.

Објавил: admin@magazin | 5 јануари, 2019 15:24

МИЦКОСКИ : ” Ќе ги победиме неправдите и ќе имаме подобра иднина “

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во посета на манастирот Св. Наум Охридски на Попова Шапка, по повод чествувањето на православниот празник Св. Наум Охридски.

Денеска по повод празникот Св. Наум Охридски, Христијан Мицкоски на граѓаните кои го слават празникот и на присутното свештенство им го честиташе денешниот православен празник со желби за благосостојба здравје и напредок. Тој изјави дека ќе ги победиме неправдите и дека ќе дојде подобра иднина ќе дојде за сите нас.

,,Делото на Св. Наум Охридски не учи дека просветителството, добрините и праведниот живот се вистинскиот начин кој го осветлува патот и ги победува неправдите. Нашата земја денес се соочува со бројни предизвици, граѓаните живеат тешко и во несигурност. Навидум чувството за безизлезност не смее да ја победи надежта дека може и мора подобро. Сите заедно мора да ја реализираме нашата заложба за промени кон подобро и решавање на напластените проблеми. Цврсто верувајќи во граѓаните и нивната свесност за состојбите верувам дека ќе бидат победени неправдите и дека подобрата иднина ќе дојде за сите во нашата земја”, истакна Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.