Посакуваат апатија, посакуваат да мислите дека сите се исти, посакуваат сите да ги измачкаат со сопствената кал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 март, 2020 12:02

Мицкоски: Ќе изградиме театри и училишта- ветува поголеми буџети за образoванието и културата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека тие како најголема политичка партија во државава ако победат на изборите закажани на 12 април, се обврзуваат на работа и обнова која ќе донесе повеќе резултати.

Фејсбук статус на Мицкоски…

Посакуваат апатија, посакуваат да мислите дека сите се исти, посакуваат сите да ги измачкаат со сопствената кал. А, на граѓаните им е преку глава од секојдневните партиски препукувања, превирања без резултат. Тие сакаат да не се зборува за вистината, и затоа денес едно зборуваат, утре сосема друго. Обновата е неопходна, затоа што резултатите се неопходни. Образованието и културата се области кои мора да го имаат должното внимание. Образованието е темелот на секој општествен развој, а културата е она по што се препознава една земја. Токму затоа ние се обврзуваме на работа и обнова која ќе донесе повеќе резултати.

Мицкоски најави низа проекти: 

Се обврзуваме на:

✅Изградба на нови 20 и реконструкција на 50 училишта
✅Поголеми примања за Универзитескиот кадар (до 100 000 денари плата за редовни професори, до 80 000 денари плата за вонредни професори, 60 000 денари плата за доценти, до 45 илјади плата за асистенти на факултети)
✅Поголеми плати за наставниот кадар во основното и средното образование. Плата до 36. 700 денари согласно Колективниот договор
✅Повеќе пари во образованието. Зголемување на инвестициите од 3.7% на 5% од БДП
✅Делегиран буџет за културните установи
✅Стимулирање на инвестициите на приватниот бизнис во културата
✅Изградба на нови театри во Прилеп, Охрид и Скопје
✅Намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата
✅Унапредување на македонскиот јазик како наше идентитеско обележје

И многу други проекти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...