Владата во исто време ги зголеми своите трошоци за плати и надоместоци и со тоа призна дека врши нови вработувања во државната администрација, за кои реално нема потреба, туку само ги задоволува партиските интереси на власта.

Објавил: Весна Петровска | 17 септември, 2019 11:27

Мицкоски на ФБ: Уште еден ден од “животот” на Заев кој станува пекол

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Уште еден ден од “животот” на Заев кој станува пекол. Ова го напиша денеска лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на Фејсбук.

– На почеток на денот, а бензините поскапеле, владата ги задолжува граѓаните за 61 милиони евра, и веројатно ќе посведочиме за уште некој криминално рекетарски скандал. Добро утро Македонијо!, напиша тој барајќи оставка и предвремени избори.

Еве колку е падната продуктивноста во Македонија откако СДСМ е на власт

Мицкоски: Бензинот поскапе, Заев не задолжува, Добро утро Македонијо

-2,2% е падот на продуктивноста во Македонија.
Владата се фали со минимален раст на БДП и намалување на невработеноста (зголемување на бројот на вработени), ама во исто време продуктивноста во Македонија драстично се намалува. Логичното прашање е: Што работат тие нововработени лица, штом просечната продуктивност по вработен се намалува?

Како и да ја пресметаме продуктивноста по вработен, дали бројот на вработени заклучно со Јуни 2019 во однос на БДП за втор квартал по тековни цени, или пак по постојани цени, сепак резултатот е дека продуктивноста се намалува.

Владата во исто време ги зголеми своите трошоци за плати и надоместоци и со тоа призна дека врши нови вработувања во државната администрација, за кои реално нема потреба, туку само ги задоволува партиските интереси на власта.

Ваквите непродуктивни вработувања ја намалуваат просечната продуктивност по работник во Македонија и сериозно ги оштетуваат политиките за развој на приватниот сектор и инфраструктурата во нашата држава. Напишаа на Фејсбук од комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести