Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, сепак има привилегии во "хашките" соби во Шутка, како дневните оброци ги добива преку испорака од скопскиот хотел "Мериот"

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 8:43

Мијалков на суд со три комбиња специјалци, во Шутка како во Мериот?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Придружуван од припадници на специјалните сили Мијалков беше спроведен од затворот Шутка.

Маскирани полицајци и неговото приватно обезбедување го внесоа во зградата на судот, каде присуствуваше на рочиштесто за „Трезор“, случај на СЈО.

Заменик директорот на затворот Шутка, Садуш Арифи, рече дека обвинетиот немал посебни услови во ќелијата која ја дели со еден цимер. Ниту адвокатот на Сашо не вели дека се жалат во врска со ова.

По апсењето, минатиот вторник, Мијалков одлежува мерка притвор од 30 дена.

Ова следеше по барањето на СЈО со цел да се избегне опасност од бегство од државата, како што тоа го направи Никола Груевски. Од одбраната велат дека веќе 8 дена Апелација нема закажано јавна седница за објаснување на нивните жалби.

Адвокатот Петар Василев вели дека СЈО нема основа туку само претпоставки за исказите кои го одведоа зад решетки нивниот клиент.

На Мијалков во Шутка и не му е се така црно.

Во затворот во Шутка не јаде од истата храна како останатите притвореници. За него, секој ден се подготвува топол оброк во кујната на хотел Мериот.

Имено за поранешниот шеф на УБК секој ден се подготвува оброк во Мериот и се носи во хашкото одделение во Шутка каде е сместен Мијалков. Тој само две вечери спиел во обичното притворско одделение, а потоа биле преместени други притвореници за да се ослободи простор во хашкото.

Директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски ниту ја потврди, ниту ја одрече информацијата, само упати прашањата поврзани со притворот да се бараат од судот.

Мијалков не е единствениот чии гастрономски желби се исполнуваат за време на притворот.

Во Шутка, посебен режим на исхрана имал и поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков кој имаше проблеми со срцето, додека претходно, а сличен третман имаше и Љубе Бошковски кој добиваше оброци од ресторанот Рагуза.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести