Мијалков ручал со Јанева а вечерал со Канческа Милевска и пријателите, по што, самиот се привел и се спроведил во Шутка, процес кој сега е оспорен за политички прогон од Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 ноември, 2018 8:43

Мијалков сам се привел и се “спровел” во Шутка, процес кој сега го спори како прогон

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Власта почна да влегува од една во друга лага, при што органите на прогонот и судската власт сеуште немаат унифициран став како Сашо Мијалков се најде во притвор во Шутка.

Имено последната вест доаѓа од правниот тим на поренешниот директор на УБК, прв братучед на поранешниот премиер, Никола Груевски.

Според неа, Сашо Мијалков, сам се пријавил во притвор без никаква присила, по одредувањето на 30дневни посебни мерки за обвинетиот во случајот „Таргет Тврдина“.

Впрочем дента кога е лишен од слобода се јавил во СЈО на покана на Катица Јанева и ниту планирал ниту превземал дејствија за бегство. – се вели во соопштението на неговите адвокати, кои дополнително пишуваат дека тој немал намера да бега, туку е политички притворен откако поранешниот премиер Никола Груевски објавил дека добил азил во Унгарија.

Инаку, за Мијалков медиумите првенствен објавија дека бил спроведен со лисици на рацете од хотелот „Мериот“ од страна на полициските единици „Алфи“.

Одбраната на Мијалков најостро ги отфрла тврдењата на СЈО дека тој има каква било поврзаност со наводните 11 милиони евра за кои се побара притвор, а судот го усвои предлогот.

Тие бараат обвинителството и судот јавно да ги обелоденат наводните докази и тврдат дека такви докази не постојат и дека наводните трансакции немаат никаква поврзаност со Мијалков.

Јавноста на последната изјава реагира со огромно незадоволство што и се “продаваат” ефтини вестерн филмови и бараат министерот Спасовски и Катица Јанева да излезат со точни информации како Сашо Мијалков од скопскиот хотел “Мериот” стигнал во истражниот затвор Шутка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести