Лазаревски во сведочењето несвесно потврди дека нелегалното прислушкување било спроведено од неколку лица, меѓутоа индиретно посочи дека и Верушевски го правел истото

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 ноември, 2018 9:30

Мијалков со ливче наредувал кои телефонски броеви да се прислушуваат

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Сведоците за масовното нелегално прислушување за кои се сомничи владата на ВМРО – ДПМНЕ, јасно посочуваат кои лица барале да го реализираат процесот, кој очигледно бил заеднички во соработка со СДСМ.

Со потсетување на Специјалниот јавен обвинител, Трајче Пеливанов, дека уште во септември 2016 година, бил распрашан и дека од првиот „свиркач“ за масовното и незаконски прислушување, односно од кажувањата на Ѓорѓи Лазаревски бил изготвен записиник на 36 страници, во скопскиот кривичен суд, вчера продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“.

Со исказ на Лазаревски започна главната расправа, односно доказната постапка во која свеодкот потврди дека негово прво вработување било во далечната 1987 година.

Мојата прва награда се врзува со тогашниот министер Јордан Мијалков. Веќе во септември 2006 година бев деградиран на ниво на почетник, од овде присутниот Сашо Мијалков.- изјави Ѓорѓи Лазаревски.

Лазаревски посведочи дека со прислушувањето се почнало уште во периодот од 2006 до 2008 година, кога немаше Закон за следење на комуникации, но дека тоа не било толку изразено.

Сведокот во детали објаснуваше како функционирал системот за прислушување, но и термините: репродуцери, маркурачи и таргети. Тој кажа дека самиот дошол до заведени шифри: Г.Г., Н.Н. и „директор“, а потоа појасни дека се работи за обвинетите Горан Груевски, Надица Николиќ и Сашо Мијалков.

Дека нешто не било во ред, иако во меѓувреме се прислушувале јавни личности и политичари кои и припаѓале на тогашната опозиција, Лазаревски сватил кога видел дека министерот Миле Јанакиески добил прекар „Турин“, а се прераскажувал и телефонски разговор помеѓу Зоран Ставревски и Гордана Јанкулоска.

По ова тој пристапил кон собирање на докази и тоа траело цели две години.

Немав кому да му пријавам. Имав своја, лична архива, а кога почнав да работам со Верушевски, тогаш нему му ги предадов материјалите за кои верував дека некогаш, во судска постапка, ќе бидат искористени како докази. – изјави Лазаревски.

Сведокот Ѓорѓи Лазаревски говореше за неговите колеги Сашо Трајковски и Ѕвонко Костовски и за соработката со нив, а потоа потврди дека за потребите на новиот систем за прислушување, наречен „Најс“, било извршено комплетно реорганизирање на просторот на четвртиот кат во зградата за Оперативна техника.

Судењето, односно распитот продолжува со прашања на двајцата Обвинители, но и со прашања на судиите кои постојано бараа одредени појаснувања и дообјаснувања.
Во предметот „Таргет-Тврдина“ им се суди на деветмина обвинети, а од предметот се издвоени пребеганите Горан Грујевски и Никола Бошковски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.