Самопрогласениот аспирант за превземање на ВМРО ДПМНЕ Сашо Ескобар Мијалков наместо во затвор како што прилега на човек од таков ков, летото ќе го помине во ултра скап ресорт Парк на охридското крајбрежје кое овие денови го прилагодува за своите мегаломански потреби

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2020 20:32

(ФОТО) Мијалков купил скап ресорт на Охридско езеро!

Фото/Текст извор: ©Лидер.мк

Откако вчера Сашо Мијалков даде интервју каде се претстави за чесен човек кој не прислушкувал и не правел криминални работи,  а раководството на ВМРО-ДПМНЕ не чинело и требало да се смени, а тој и неговата екипа околу него биле добрите момчиња. На Твитер се појавија екслузивни слики и информации за најновиот ресорт кој Мијалков го купил на Охридското езеро, објавува Лидер.мк!

Кога ја пишуваше Сашо анализата? Додека ги чекаше стаклените зидови од Чешка за 170 квадратиниот пентхаус со спална што гледа на Охрид или додека рушеше зидови на станот што се води на Ексико?, пишува на првиот твит, од TvTheBob.

-Самопрогласениот аспирант за превземање на ВМРО ДПМНЕ Сашо Ескобар Мијалков наместо во затвор како што прилега на човек од таков ков, летото ќе го помине во ултра скап ресорт Парк на охридското крајбрежје кое овие денови го прилагодува за своите мегаломански потреби.Имено тој стана сопственик на пентхаус од неколку стотина м2 на име на неговата компанија. Од скромната чиновничка плата дојде до ултра луксузен хотел, замок на Водно и најново пентхаус во Охрид. И сето ова не е баш европски културно иако устата му е полна со Европа, објави во друг твит TvTheBox.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести