Груевски на Фејсбук: Читајќи го договорот се прашувам дали воопшто имало нешто што на Грците им паднало напамет да го побараат, а не го добиле

Објавил: Македонка Димкин | 16 јуни, 2018 1:03

Моето мислење , е дека содржината на овој договор е национална катастрофа.

Фото/Текст извор: ©никола груевски/ magazin.mk

Го прочитав текстот на договорот со Грција, објавен во медиумите. Во меѓувреме прочитав дека владата веќе го усвоила на вонредна владина седница. Препорачувам секој да го прочита, пред да даде свое мислење, без да верува на тврдењата и интерпретациите на различни домашни или надворешни политичари, партии или медиуми. Не дозволувајте ни друг да ви го раскажува или интерпретира. Потрошете 20-30 минути од Вашето време.

Ова е историски договор. Не знам дали после Букурешкиот договор за Македонија имало поважен договор со друга земја. Вие сте современици на овој договор. А за него, во иднина ќе учат вашите внуци и правнуци од учебници, во училиштата. Значи, вреди да го прочитате. Краток е, и многу е јасен и разбирлив.

Моето мислење како поранешен премиер, кој повеќе години работеше на барање решение за ова прашање, е дека содржината на овој договор е национална катастрофа.

Читајќи го договорот се прашувам дали воопшто имало нешто што на Грците им паднало напамет да го побараат, а не го добиле. Имало ли воопшто реални преговори, и ако имало што е тоа што Грција не го добила. А за да не излезе дека името на јазикот сме го добиле во овие преговори, се погрижиле и потенцирале потсетувајќи дека македонскиот јазик е признат уште на меѓународна конференција токму во Атина како македонски јазик од групата на јужнословенски јазици уште во далечната 1977 година, што е и така, пишува поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

Целиот договор можете да го видите тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.