Вчера околу 22:00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на обиколница кај село Стајковци патничко моторно возило “Хонда сивик” со скопски регистерски таблици управувано од Д.Г. [ 19 ] од Скопје излетало од патот и удрило во метален браник и бетонска ограда.
По незгодата со возило на Итна медицинска помош возачот бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.