Природниот феномен кој е и природна катастрофа до сега во Индија одзеде 400 животи и расели 2 милиони лица оставајќи и огромни материјални штети

Објавил: Мартин Попоски | 20 август, 2018 15:27

Монсунот во јужна Индија расели над 2 милиони лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бројот на загинати во поплавите што ја погодија јужната индиска провинција Керала се искачи над 400 лица  нешто околу 2 милиони лица се внатрешно расселени и сместени во импровизирани кампови.

Монсуните зафаќаат големо пространство на копно и океан т.е. тие настануваат таму каде што има големи водени површини кои граничат со големи копнени површини.

Монсунската сезона во Индија трае од јуни до септември но годинава паднал дожд за 40 проценти повеќе од што е вообичаено во овој период поради што локалните власти не биле подготвени да се справат со реките преку системот на брани што е изграден.

Министерот за здравство на Индија Џ. П. Нада соопшти дека 3.500 медицински центри се отворени за да им се помогне на жителите а воедно упати и апел за меѓународна помош.

Во регионот забрзано се хлорира водата и се испраќаат санитетски средства за да се спречи избивање на епидемии кои би ја влошиле состојбата на југот на Индија.

Во поплавите кои почнаа во првата половина на август се оштетени околу 10.000 патишта а еден од главните аеродроми од вторникот е затворен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести