Рускоска го клеветела

Објавил: admin@magazin | 10 јуни, 2023 14:27

Муареми најави тужба против Русковска

Фото/Текст извор: ©sloboden pecat

Ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, поднел тужба против обвинителката Вилма Русковска која го гонеше, а вчера предметот беше затворен од нејзин колега.

Тој посочува дека во Граѓанскиот суд ќе се докажува дека Русковска го клеветела.

– До Основниот граѓански суд имам поднесено тужба против Вилма Русковска, затоа што истата, во неколку наврати во своите јавни излагања во емисиски гостувања, иако свесна за невистинитоста на истите, продолжува да изнесува лажни и невистинити податоци, да лаже и да клевети. Од моја страна, злоупотребите на Вилма Русковска ќе бидат докажани и обелоденети до крај- вели Муареми.

Екс-директорот на финансиската полиција Арафат Муареми вели дека е задоволен од исходот на постапките што се водеа против него откако обвинителството вчера ги отфрли двете кривични пријави. Тој најави дека ќе поднесе тужба против сега разрешената обвинителка Вилма Русковска која го водеше предметот против него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.