По кој знае кој пат при најава на демонстрации против власта на Путин во Русија уапсен Алексеј Навални лидер на опозицијата

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 август, 2018 7:51

Навални оди во затвор нема антивладините протести во Русија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Триесет дена затвор доби лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, поради кршење на Законот за јавен протест, објавија светските новински агенции.

Со казната затвор Навални и опозицијата нема да можат да ги одржат антивладините протести закажани за следниот месец против реформите на пензискиот систем, со кои се предвидува зголемување на старосната граница за заминување во пензија.

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, кој е најголем противник на Кремљ и на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, пред неколку дена беше приведен пред неговиот дом.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.